Почина легендата на македонскиот тенис Милутин Ѓуровски - Уте

На ден 27.05.2019 почина легендата на македонскиот тенис Милутин Ѓуровски- Уте. За сите нас познат како чичко Уте. Почина на 93 годишна возраст. Погребот ќе се оддржи денес на 29.05.2019 на градските гробишта Бутел (алејата на великаните). 

За него претходно пишувавме на линкот ТУКА. Освен овие информации, Уте во текот на  втората светска војна бил партизан и курир при првото заседание на АСНОМ. На свои 18 години бил задолжен за безбедно испраќање на делегатите до манастирот Св. Прохор Пчински.

Луѓето на првата слика од лево на десно се: Боро Чакар, Теофиловски, Јово Јовановски, Милутин Ѓуровски, Душко Аврамовски.

Луѓето на втората слика од лево на десно се: Милутин Ѓуровски, Васе Апостолов, Јовица Лазоски, Тодор Николовски, Славчо Ночев, Дане Трпковски, Сашо Панов.

Нека му е вечна слава

Наскоро Cherry Cup Skopje 2019

Драги наши тенисери, играчи,

Огромно задоволство ни е да го организираме Cherry Cup Skopje 2019, за Вас. По ваша, детска мерка, да создадеме приказна во која ќе можете да покажете што знаете, што можете и што сакате. Приказна во која ќе успеете да дадете се од себе на тениски терен, да освоите што е можно повеќе поени (знаете дека секој еден поен е најважен во тениската игра), да успеете да ги контролирате своите движења, своите емоции и своите желби, со цел да дојдете најблиску до победата која толку многу ја посакувате. Доколку успеете во тоа, секоја чест, ќе се радуваме заедно со вас и ќе уживаме во играта која ја играте на терен. Доколку не успеете (тенис е сепак игра во кој само еден може да победи), нема разочарување, главата горе и само напред. Добиените мечеви ни користат за самодоверба и мотивација, а од изгубените мечеви најмногу се учи (знаете и тоа, сигурно).

За вас, вашите тимови, тренери и родители, подготвуваме незаборавно доживување на и околу тениските терени. Инспирирани сме од тоа што над 140 деца од 23 градови во Европа ќе бидат дел од овој турнир. Ќе имате можност да запознаете многу нови другари, да научите многу за средините од каде доаѓаат, да го слушнете јазикот на кој зборуваат, ќе можете да ги пробате во живо странските јазици кои добро ги зборувате. Многу важно за сите, ќе можете да видите и почувствувате некаков поинаков однос кон спортот што го играте, начинот на кој секој од вас се носи со сите предизвици на тенискиот меч .... и учете, позитивните нешта ставете ги во својот спортски код, негативните отфрлете ги. Само таке ќе станете подобри играчи од тоа што сте биле пред овој турнир.
Посебно сме горди што сето ова успеавме да го поставиме, во Скопје и Македонија. Се радуваме и се подготвуваме да ве пречекаме сите вас со отворено срце , голема душа и бескрајна љубов. Затоа што сме убедени дека само така може и мора, за квалитетен детски спорт. Само така овој турнир нема да биде само уште еден турнир во вашата тениска агенда, туку ќе биде и остане нешто за цел живот. Нешто што ќе ве прати и во добро и во зло, ќе ви дава сила и нешто што ќе помогне да станете она што единствено е и важно, квалитетни, образувани, цивилизирани спортисти , а пред се и над се ЛУЃЕ.

Со начинот на кој се однесувате на тениски терен, со количината на енергија, желба и жар кои ги вложувате секој еден ден на тренинзите и натпреварите, со детската безусловна љубов кон оваа прекрасна игра веќе сте пример за нас возрасните и ние, ве уверувам , секојдневно учиме од вас. Бидете горди на својата игра, својот настап и овој пат, како што веруваме го правите тоа и до сега. Тимот на организатори на Cherry Cup Skopje 2019 заедно со г-дин Лазар Заковски, покровител на турнирот и бројните поддржувачи и пријатели на турнирот ви посакуваат добредојде во Скопје и Македонија, ви посакуваат добар и кавалитетен тенис, среќа и успех на тениски терен и безброј незаборани моменти кои ќе ги понесете назад во своите домови.
Со огромна почит за вашата посветеност, труд, залагање, вложување и храброст

Вилма Марковска – директор на турнирот Cherry Cup Skopje 2019

Уште два дена за пријавување на детскиот турнир Cherry Cup Skopje

Пријавата на CHERRY CUP SKOPJE 2019 останува отворена до 28 април 2019 до 24.00. Повеќе од 130 деца се пријавија на првиот меѓународен детски тениски турнир во Скопје и го најавија своето учество, својата желба за игра, натпревар и дружење. Во Скопје ни доаѓаат деца од 22 градови во Европа, заедно со своите тимови, тренери и родители. Тимот на организатори на турнирот највуваат и подготвуваат одлична атмосфера за квалитетен детски тенис и подготвуваат бројни пропратни активности, работилници, награди за најдобрите kako i подароци и сувенири за секое дете. Веруваат дека овој настан ќе го постави детскиот спорт и тенис на место кое децата единствено и го заслужуваат, затоа што се посветени, храбри, вредни и затоа што сонуваат и мечтаат да бидат шампиони и сакаат за тоа да се борат и да дадат се од себе на тениски терен.

Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од овој несекојдневен настан во периодот од 11 до 15 мај на терените на ТК МТП. во организација на Цреша спорт, под покровителство на г-дин Лазар Заковски и помогнат од бројни поддржувачи и пријатели на спортот и детскиот тенис. Сите информации можете да ги добиете на www.cherrycup.mk или на FB страната Cherry cup Skopje.

Отворена е пријавата за Cherry Cup Skopje 2019

Пријавата за меѓународниот детски турнир CHERRY CUP SKOPJE 2019 е отворена. На овој турнир можете за прв пат во Македонија да се пријавите online на web страната на турнирот: www.cherrycup.mk. Организаторите на настанот, го промовираа и овогодишниот турнирски постер, креација на дизајнерскиот тим на SHEEZICK NA REEZICK.

Повеќе