Уште два дена за пријавување на детскиот турнир Cherry Cup Skopje

Пријавата на CHERRY CUP SKOPJE 2019 останува отворена до 28 април 2019 до 24.00. Повеќе од 130 деца се пријавија на првиот меѓународен детски тениски турнир во Скопје и го најавија своето учество, својата желба за игра, натпревар и дружење. Во Скопје ни доаѓаат деца од 22 градови во Европа, заедно со своите тимови, тренери и родители. Тимот на организатори на турнирот највуваат и подготвуваат одлична атмосфера за квалитетен детски тенис и подготвуваат бројни пропратни активности, работилници, награди за најдобрите kako i подароци и сувенири за секое дете. Веруваат дека овој настан ќе го постави детскиот спорт и тенис на место кое децата единствено и го заслужуваат, затоа што се посветени, храбри, вредни и затоа што сонуваат и мечтаат да бидат шампиони и сакаат за тоа да се борат и да дадат се од себе на тениски терен.

Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од овој несекојдневен настан во периодот од 11 до 15 мај на терените на ТК МТП. во организација на Цреша спорт, под покровителство на г-дин Лазар Заковски и помогнат од бројни поддржувачи и пријатели на спортот и детскиот тенис. Сите информации можете да ги добиете на www.cherrycup.mk или на FB страната Cherry cup Skopje.

Отворена е пријавата за Cherry Cup Skopje 2019

Пријавата за меѓународниот детски турнир CHERRY CUP SKOPJE 2019 е отворена. На овој турнир можете за прв пат во Македонија да се пријавите online на web страната на турнирот: www.cherrycup.mk. Организаторите на настанот, го промовираа и овогодишниот турнирски постер, креација на дизајнерскиот тим на SHEEZICK NA REEZICK.

За првпат во Македонија и регионот, голем меѓународен тениски турнир за деца

Еден настан , четири детски тениски турнири (црвен tennis10s турнир, портокалов tennis10s  турнир, зелен tennis10s турнир и 12&U турнир) за деца од 6 до 12 години, во организација на здружението ЦРЕША СПОРT. Настанот ќе се реализира во периодот од 08 до 15 Мај 2019 на неколку скопски локации, а натпреварувачкит дел ќе се реализира на терените на  ТК МТП, во Карпош.

Со овој турнир Скопје се вбројува во редот на неколку градови од регионов ( Умаг, Шид и Дубровник) кои се организатори на меѓународни тениски турнири за деца од ваков тип и кои детскиот тенис  го ставаат на пиедестал, со што ја покажуваат својата грижа за најмладите спортисти и нивно вклучување во спортските светски движенија на најдобар и најубав можен начин.

На настанот ќе присуствуваат деца, заедно со своите тимови или семејства, од Македонија, Србија, Бугарија, Косово, Босна, Малта, Хрватска, Албанија, Грција ... и пошироко. Се очекува број од 120 до 180 учесници во сите 4 категории, кои ќе бидат гости на Скопје неколку дена. Ќе можат да го почувствуваат отворениот скопски дух, шармот на скопското секојдневие, познатото македонско гостопримство, преубавите вкусови на македонската храна и пролетните зраци на нашето Сонце.

Во склоп на овој настан покрај тениските турнири ќе бидат организирани и едукативни тениски и општи работилници, забавни активности и промотивни активности (на 3 познати локации во градот, каде ќе се промовира детски тенис и сите оние кои ја поддржуваат оваа манифестација).

Што е CHERRY CUP SKOPJЕ?

CHERRY CUP SKOPJE еден сосема необичен и несекојдневен tennis 10s и 12&U турнир. Единствена приказна за тенисот, спортот, љубовта, посветеноста, истрајноста и борбата да на децата им ја задржиме насмевката на лицето во секој момент, да им овозможиме да играат, учат, да се натпреваруваат и напредуваат. Да останат деца и да имаат можност да ја споделат сета мудрост што ја носат во себе, неоптеретени од форма, стереотипи и очекувања. Од ден на ден да стануваат се подобри во она што го прават од се срце, она што го прават со огромна љубов и она за што сонуваат. Да бидат играчи, но пред се луѓе од врвна класа , заради себе, заради своите најблиски, заради својот народ, град и земја. Да им овозможиме да бидат горди на себе и своето тениско достигнување и да се радуваат кога сето тоа ќе го споделат со своите најблиски и со светот околу себе.

Единствена приказна и за Скопје, градот кој секогаш знаел да ја цени детската насмевка. Град кој е симбол за издигнување од пепел, симбол за светската солидарност и модерни трендови на живеење. Поставен на реката Вардар, опкружен со прекрасни планини, спој на многу патишта низ историјата, место каде многу народи со векови знаат и учат да живеат заедно, едни со други , едни покрај други. Град со препознатлив дух и ритам на живеење кој мора да се осети.

Ги повикуваме сите мали, а големи тенисери да земат учество во овој несекојдневен настан. Да тренираат и работат вредно, за да во ма,ј бидат спремни да дадат се од себе на тениски терен  и во целост да уживаат во програмата која организаторите ја подготвуваат за нив. Пријавата и регистрацијата на учество ќе се прави online на web страната  на настанот - www.cherrycup.mk и ќе може да се направи од 01.04.2019. Пријавете се на време, ве очекува многу игра, многу натпревар, забава, дружење и убави подароци за сите учесници и трофеи и награди за најдобрте.

Александра Симева и Ивановски Калин ќе учествуваат на Мастерсот до 14 год.во Италија

Нашите најдобри јуниорски репрезентативци Александра Симева и Калин Ивановски со успешните настапи на европските тениски турнири се изборија за влез во најдобрите 8 во Европа за 2018год. до 14год. Александра и Калин ќе учествуваат на Masters U14 Reggio Calabria, Italy. На кој што Мастерс до 14 год.во 2000год. има учествувано и победено светскиот број 1 Рафаел Надал и многу други од познатите тенисери.

Повеќе