Берк Бугариќ го освои Европскиот турнир до 16 години Неотел Опен 2018

На терените во Скопје, од 06ти до 12ти август 2018, се оддржа Европскиот турнир до 16 години: NEOTEL OPEN 2018 U 16. На турнирот освен нашите македонски претставници, земаа учество и играчи од Русија, Украина, Италија, Грција, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

Нашиот репрезентативец Берк Бугариќ како трет носител на турнирот дојде до финале победувајки го Никола Колиачев од Бугарија во полуфиналето со резултат 6:1, 5:7, 7:5. Во финалето Бугариќ со убедлива игра над својот противник Петар Белошевиќ, го освои турнирот со резултат 6:1, 6:2.

Во двојки, Бугариќ заедно се натпреваруваше со грчкиот репрезентивец Евангелос Кирпиотис, убедливо совладувајќи ги во финалето италијанските двојки Томас Фачини и Томасо Ферари со резултат 6:3, 6:3, добивајки ја и втората победа на турнирот. Предходната недела, од 04ти до 08ми август 2018, Бугариќ на турнирот во Република Црна Гора, во двојки заедно со грчкиот репрезентативец Филипос Закиотис ги победија Фотиос Андреас од Грција и Леонардо Пасафиуме од Италија со резултат 5:7, 6:2, 10:7.

Агуши Мал освојува Државни првенства а игра за Косово?!

Дали е на повидок нов сканал во македонскиот тенис. Јуниорот Агуши Мал по потекло од Македонија (најверојатно Скопје) и кој е добро познат како учесник на македонските турнири, оваа година го освои Државното првенство за јуниори до 14 години. Во исто време, од сликата може да се примети дека тој настапува за Косово на Tennis Europe.

Сме биле сведоци и професионални играчи од една држава да играат за друга, но дали тогаш Агуши Мал смее да учествува на државни првенства на Македонија?!

Заврши хуманитарниот турнир Адра Опен

Заврши хуманитарниот турнир Адра Опен во организација на Влатко Нацевски и Триникс, Јупитер Холдинг, Адра МК. На турнирот учествуваа 44 натпреварувачи а иако е хуманитарен, на победниците се доделија ваучери во износ од 6000 денари. Сите учесници добија и маички. 

Собраните средства ќе се донираат за хуманитарни цели, за помош на лицата болни од рак. Каузата е играј тенис и спаси живот. Посветен е на борецот Маја Вељановска која се бореше 2 години со болеста и за жал премина.

Турнирот се одржа на терените на АБЦ а голема благодарност и до Китинов кој ја даде салата за играње во дождливото време. На турнирот учествуваа поранешни тенисери, ветерани. Во финалето Горан Стериевски го предаде мечот (единствениот македонски тенисер кој има земено сет на Федерер) на Панче Арсов, а трет беше Тоше Темелков.

Овој тунрир ќе прерасне во традиција.

Пријавете се на хуманитарниот рекреативен турнир ABC ADRA

Хуманитарен рекреативен тениски турнир организиран од АБЦ и АДРА!!!

Играј тенис и спаси живот!

Турнирот се игра на тениските терени на АБЦ. Секој учесник добива маичка, топки а обезбедени се вредни награди за победниците.

Цена за учество на турнирот:
- без ваучер 500 денари,
- со ваучер 350 денари.

Повеќе