Родители обрнете им повеќе внимание на Вашите деца

Hit&Run не е само спортски клуб. Тоа е катче каде што децата и родителите се забавуваат, учат, се надоградуваат, се радуваат и стануваат сѐ подобри и подобри. Тимот на Hit&Run не само што ги советува децата како треба да се однесуваат на терен и надвор од него, туку често ги советува и родителите што да превземат за подобро утре на нивните деца.

Поради тоа го пушувам овој текст, бидејќи во разговор со родителите и слушајќи ги што разговараат и гледајќи го однесувањето на нивните деца, морав да напишам нешто.

Почитувани родители,

Ние навистина многу ги сакаме децата и сакаме да работиме со нив, но секогаш ни треба Ваша помош за нивно и Ваше добро да направиме подобро утре за нив. Би сакал да почнам со критика врз поголемиот дел на родители, но и секако сите кои ќе се пронајдат во текстов. Вашите деца се како пластелин, каква фигура ќе направите зависи од повеќе фактори, но најмногу од Вас родителите. Дали ќе бидите трпеливи, добри, ќе ги учите на убави работи, на културни и добри нешта, строги кога е потребно или едноставно ќе немате време за нив. Многу често се сретнуваме со некултурни дечиња, со агресивни , со деца без почит и деца кои прават нешто без да размислат на последиците, бидејќи мама и тато се тука да поправат сѐ. 
Погрешно, погрешно ... Мнооогу погрешно!
Би сакал да го цитирам британскиот автор Симон Синек, бидејќи има одлични реченици за денешните деца и денешната младина.
Многу од денешните деца и денешната младина расте во светот на технологијата и неа ја обвинуваме најмногу за сѐ . Јас ќе кажам дека многу погрешно се однесуваме со децата и имаме време за сѐ, но не и за нив (секоја чест на исклучоците). Многу од родителите им кажуваат на своите деца дека тие се најдобри, дека можат да имаат сѐ во животот, само затоа што тие така сакаат. Некои деца одат на натпревари за одлични ученици или добри спортисти, но не затоа што заслужиле, туку поради тоа што родителите се пожалиле на учител, професор тренер итн. Повеќето деца добиваат петки, не затоа што ги заслужиле, туку поради тоа што наставниците и професорите, па дури и директорите не можат да се справат со родителите. Добиваат пофалници и дипломи за последно место. 
Е сега, оваа група на деца и млади ќе го заврши училиштето и ќе треба да почне да работи и ќе биде фрлена во реалниот свет, каде што ќе сфатат дека не се најдобри и дека не може редителот да му помогне да работи на подобро место, дека не добиваш ништо ако си последен и не можеш да имаш нешто само затоа што така сакаш. Одеднаш светот се руши за нив и имаме проблем и често ќе слушаме изговори од типот: „Нека е здрав и жив, не му се работи, што да правам го мрзи, шета секоја вечер, ајде млад/а е, паѓаат во депресија“ и сл.
Од друга страна, младите растат во еден свет на Фејсбук и Инстаграм. Многу се добри младите во тие социјални мрежи и мислите дека сите се пресреќни и сѐ цвета наоколу и сѐ е така розево, но реалноста е сосема друга. 
Е сега, она што е многу интересно е фактот дека поврзувањето со социјалните мрежи, игри, нашите телефони и сл. испушта една супстанца наречена „Допамин“ (Dopamine). Затоа кога ќе добијат СМС се чувствуваат добро, сакаат кога добиваат „like“и се враќаат по 10 пати на постот или сликата да видат дали имаат повеќе лајкови и доколку не добијат лајк, паѓаат во депресија. Па не ме сакаат другарите или дали правам нешто погрешно или траума за нив е да бидат избришани од пријател. Допаминот се лачи кога се чувствуваме убаво и затоа се враќаме и гледаме по лајкови, СМС-ови, бидејќи се чувствуваме одлично кога имаме 1000 лајкови или смс од другари-ки итн. Допамин е истата супстанца која се лачи и се чувствувате одлично кога пушите, пиете и се коцкате. Со други зборови е многу, многу заразна. Родителите и сите ние им кажуваме на децата да се држат настрана од алкохол, коцкање и пушење, но не кажуваме ништо за социјалните мрежи и телефоните. Напротив, сѐ почесто гледаме многу мали деца со таблети и телефони на училиште и на тренинзи и сѐ повеќе приврзаност со нив. Значи имаме една цела генерација која е многу приврзана со телефони и социјални медиуми и нивниот карактер се гради врз нив. 
Ве замолуваме повеќе да внимавате што прават Вашите деца во слободното време. Дали се на телефон, фејсбук или играат компјутерски игри, или се на спортски терен, или се надвор со друштво, или играат игри во двор или пред зграда.
Имам уште многу да зборувам, но во некоја наредна прилика.
Ние тренерите од тимот на Hit&Run сме тука да Ви помогнеме заедно да изградиме добри, паметни, здрави и успешни деца. Бидете добри родители, посветете им многу повеќе време и внимание на Вашите деца, донесувајте паметни одлуки и бидете искрени со нив.
Многу сме среќни кога родителите знаат што сакаат од нивните деца и правилно ги насочуваат во животот. Ние не градиме само спортисти туку и здрави, паметни и среќни личности.

Секој во животот може да има дете и да се нарече родител. Вистинскиот родител е оној кој го става детето пред своите лични потреби.

Инвестирајте во Вашите деца, бидејќи тоа е најдобрата инвестиција во животот. Спортот е една од главните алки во развојот и формирањето на здрава личност, која ќе сака и ќе почитува секого, ќе се радува кога ќе победи на фер и спортски начин, а кога ќе загуби ќе знае да го прифати поразот и спортски да му честита на противникот.

Повелете во Центарот за спортски развој Hit&Run заеднички да создадеме такви личности.

Марко Ристески

Рекреативен турнир на реновираните терени во Никола Карев (Карпош 3)

Пријавете се на рекреативниот турнир на реновираните терени во Никола Карев (Карпош 3) кој се игра во сабота и недела. Коатизацијата е 500 денари а за победниците има спортски награди. Пријавување на 077 937 515 до петок до 12ч. Играње во 2 сета, систем на отпаѓање.

Повеќе